Кога во мај, 2017 прв пат се појави веста дека Зак Ефрон ќе ја игра улогата на злогласениот сериски убиец Тед Банди во биографскиот филм „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile“, тоа беше изненадување за многумина.
Фановите кои го засакаа како милото момче од „High School Musical“ и го гледаа како расте и созрева со улоги како онаа во „Neighbors“, и најново во „The Greatest Showman“ и „Baywatch“, не можат да веруваат дека нивниот омилен убавец ќе игра сериски убиец.
Ако некому му требаше дополнително убедување дека Ефрон е подготвен да излезе од калапот на „убав дечко“ и да покаже дека како актер има да даде многу повеќе, еве го доказот:
Објавена е првата фотографија од снимањето на филмот во режија на Џо Берлингер и Ефрон навистина многу потсетува на него.
Филмот е работен од перспектива на долгогодишната девојка на Банди, Елизабет Клопфер (која ќе ја игра Лили Колинс). Таа со години живеела во негирање на реалноста и не сакала да си признае што се случува, но на крај го пријавила во полиција.