Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пријавила во МВР дека добила закани за својот живот.
Од полицијата информираа дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.
„Од страна на Д. К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, пред нејзиното гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож, кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.
За случајот известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.