Свет

Заканата од корона вирусот е „висока“ на меѓународно ниво

27. јануари 2020 - 19:36 | МИА

Женева, 27 јануари 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја ревидираше својата проценка за заканата од новата форма на корона вирусот во Кина на меѓународно ниво, оценувајќи ја дека е „висока“ и повеќе не е „умерена“ како што беше досега соопштено. Тоа се случило поради „грешки во формулација “.

СЗО досега нагласуваше дека ризикот од вирусот е „многу висок во Кина, висок на регионално ниво и умерен на меѓународно ниво“.

„Тоа е грешка во формулацијата и ние ја исправивме“, изјави портпаролот на СЗО.

Минатата недела СЗО одлучи да не прогласи глобална вонредна здравствена состојба, наведувајќи дека Кина презела многу силни мерки, вклучително и изолација на големите градови,со цел стопирање на ширењето вирусот.

Коментирај