Закани со гилотина за политичарите кои се залагаат за здравствен пасош во Франција

Откриени се две гилотини во Ланд, Франција, на кои се наоѓа список со имињата на 350 политичари кои ја пофалиле „храброста на одлуките донесени од Емануел Макрон“, во трибината објавена на 18 јули во Journal du Dimanche, јави дописникот на МИА.

Бернард Тасет, градоначалник на Самадет, во Ланд, каде беа пронајдени двете гилотини поднесе пријава. Тој е особено лут и вознемирен од поединците кои оставиле дрвена гилотина на паркинг во неговиот мал град со 1.200 жители, пред Дом за стари лица. На машината, со височина од речиси два метра, е ставен список со неколку стотици избрани француски политичари кои се изјаснија за воведувањето на здравствен пасош.

На гилотината е ставен и текст што сугерира дека одговорноста за ова ја презема „комитетот на Жан Мулин“, кој вели дека се бори за почитување на основните права на граѓаните. Контактиран од нашите колеги од Франс Блу Гаскоњ, комитетот негира дека тој стои зад ваквиот чин.

–Ние не преземамае одговорност за таква акција. Комитетот Жан Мулин никогаш не направил  гилотина и не повикал да се направи тоа, било речено од комитетот.

„Пораката против избраните не е безопасна. Ова е многу сериозно. И навистина не разбирам зошто е сторено такво дело. Повеќето од жителите на Самадет се за здравствениот пасош. Денеска мора да бидеме на околу 80 или 85 отсто од стапката на вакцинирани во градот“, потсети Бернард Тасет за Le Figaro.

И градоначалникот нагласува дека „за време на кризата, негувателите и медицинскиот персонал беа примерни во улогата на заштита на населението“. Бернард Тасет веќе поднесе пријава и се надева дека одговорните ќе бидат казнети за своите постапки. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more
 

Вести

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе