Вести

Закерберг одговараше пред Европскиот парламент: Пратениците незадоволни од сведочењето

23. мај 2018 - 9:14 | М.Д.

Извршниот директор на Facebok, Марк Закерберг, вчера сведочеше пред Европскиот парламент, каде им се извини на пратениците поради злоупотребата на личните податоци на корисниците на оваа платформа и призна дека оваа компанија не направила доволно за да спречи ваков инцидент.

Обраќајќи им се на лидерите на парламентарните групи во Европскиот парламент во Брисел, Закерберг укажа на важноста на Facebook за народот во Европа и нагласи дека му е жал бидејќи не направил доволно за да ја спречи злоупотребата на оваа социјална мрежа.

„Без разлика дали станува збор за лажни вести, мешање од страна во избори или програмери кои злоупотребуваат податоци на корисници, едноставно не заземавме доволно јасен и сеопфатен став околу нашите одговорности. Тоа беше грешка и жал ми е поради тоа“, изјави Закерберг во воведното обраќање.

Тој потоа додаде дека станало јасно во изминативе неколку години дека  Facebook не направил доволно за да ги спречи алатките, кои ги креираше компанијата, да не им нанесуваат штета на корисниците.

„Длабоко веруваме во она што го работиме. И кога ќе ги решиме овие предизвици, ќе дадеме се од себе да им помогнеме на луѓето да се поврзуваат, овде во Европа и ширум светот“, изјави тој.

На прашањата кои му беа поставувани одговараше повеќе од 15 минути, а системот на одговарање му дозволуваше да не даде одговор на сите прашања, што на крај тоа и го искористи. 

Закерберг истакна дека за прашањата кои не стигнал да ги одговори, ќе испрати некого од компанијата подоцна да испрати детално соопштение.

Од друга страна, сведочењето на Закерберг не ги задоволи сите пратеници, кои рекоа дека тој јасно избегнувал одредени прашања.

Еден британски политичар подоцна истакна дека оваа седница била „пропуштена прилика“.

„За жал, самиот формат на испитување му овозможи на Закерберг да ги бира прашањата и да не одговара на секоја точка“, изјави Дамиен Колинс, од британскиот парламентарен Одбор за дигитални медиуми и спорт.

Овој формат на испитување е доста поинаков од сведочењето на Закерберг пред американските пратеници во април, пренесува BBC.

Неколку политичари изразија незадоволство поради ова, а еден од нив го обвини Закерберг дека намерно го барал овој формат на испитување.

Коментирај