Закерберг отпушта 10.000 работници во Meta

Meta, компанијата која ги поседува Facebook, Instagram и WhatsApp, соопшти дека планира да отпушти 10.000 работници.

Тоа ќе биде втор бран масовни отпуштања од технолошкиот гигант, кој отпушти 11.000 вработени во ноември минатата година. Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, рече дека намалувањата ќе бидат „сериозни“.

Закерберг им потврди на вработените дека, заедно со кратењето на 10.000 работни места, 5.000 слободни работни места во компанијата ќе останат непополнети. Во писмото, тој им рекол на вработените дека верува дека компанијата доживеала „повик за будење“ во 2022 година кога доживеала драматично забавување на приходите, пишува BBC.

„Оваа нова реалност може да продолжи уште многу години“

Meta претходно соопшти дека заработката паднала за 4% на годишно ниво во трите месеци до декември 2022 година, иако сепак успеала да оствари профит од повеќе од 23 милијарди долари во текот на минатата година. Закерберг ги наведе повисоките каматни стапки во САД, глобалната геополитичка нестабилност и зголемената регулатива како некои од факторите кои влијаат на забавувањето на компанијата.

„Мислам дека треба да се подготвиме за можноста оваа нова економска реалност да продолжи уште многу години“, додаде тој. Најновите кратења на работни места доаѓаат кога компаниите, вклучувајќи ги Google и Amazon, се борат со тоа како да ги балансираат мерките за намалување на трошоците со потребата да останат конкурентни.

Amazon објави претходно оваа година дека планира да укине повеќе од 18.000 работни места поради „неизвесната економија“ и брзото вработување за време на пандемијата, додека матичната компанија на Google, Alphabet, отпушти 12.000 работници. Според layoffs.fyi, кој ги следи загубите на работни места во технолошкиот сектор, повеќе од 128.000 работни места се укинати во технолошката индустрија досега во 2023 година.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит, попушти стравот од банкарската криза

Read more

Русија стана најголемиот извозник на нафта во Кина, надминувајќи ја Саудиска Арабија

Read more

Понеделнички шок: Голем пад на акциите на европските банки

Read more

Како UBS ја купи конкуренцијата?

Read more
 

Вести

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Читај повеќе

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Читај повеќе

Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Читај повеќе

Секс скандалот му се удри од глава: Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен денеска?

Читај повеќе