Закерберг призна каде згрешил со Facebook и Instagram

Промената дојде со TikTok - на корисниците повеќе не им се прикажува исклучиво содржината на луѓето што ги следат, туку само најдобрата и најзабавната содржина.

Познато е дека во последно време Facebook е во голема неволја, што можеме да го видиме од падот на бројот на корисници, но и од состојбата на берзата каде годинава загубија стотици милијарди долари. Во едно неодамнешно интервју, Марк Закерберг објасни што може да биде причината за тие проблеми и ја призна својата грешка во однос на стратегијата на компанијата.

Пред неколку години, Закерберг беше убеден дека корисниците сакаат Facebook да стане што е можно повеќе лична платформа, односно на нивните фидови да се појавуваат содржини објавени од нивните пријатели и роднини. Денес е очигледно, како што и самиот призна, дека тоа било сосема погрешен начин на размислување.

Се покажа дека корисниците сакаат најдобра и најквалитетна содржина и не е важно кој ја објавува таа содржина. Тоа навреме го препознале во TikTok, поради што популарноста на оваа мрежа постојано се зголемува, додека корисниците полека го напуштаат Facebook. Иако Meta на Instagram се обиде да го промени алгоритмот за да биде посличен на ТикТок, корисниците не беа задоволни бидејќи не сакаат мрежата да стане само копија на TikTok.

Закерберг истакнува дека на почетокот, TikTok не се вклопувал во неговиот „шаблон на социјални работи“ и повеќе се чувствувал како пократка верзија на YouTube. Денес, тој вели дека е важно Meta да создаде алгоритам кој ќе им препорача на корисниците различни содржини за забава, но за разлика од TikTok, тој не сака да се фокусира само на видеа, туку и на фотографии и текстуални содржини.

„Понекогаш сакам само да гледам видеа, но често ги сакам само најдобрите работи“, објасни тој во интервју за Stratechery.

реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе