Закерберг се извини пред Конгресот, сенаторите бараат поголема контрола над Facebook

Основачот на Facebook, Марк Закерберг, вчера по прв пат сведочеше пред Конгресот на САД, поради неодамна откриената злоупотреба на приватни податоци на корисници на оваа социјална мрежа. Во текот на одговарањето на прашањата на сенаторите, Закерберг во повеќе наврати истакна дека Facebook погрешил, но дека во иднина ќе реагира поинаку.

Закерберг истакна дека Facebook недоволно реагирал во случајот со компанијата Cambrdige Analytica, односно дека сега, кога би можел да го врати времето, тие би реагирале поинаку.

За потсетување, Facebook се соочува со жестоки критики откако беше објавено дека управата на компанијата со години знаела дека консултантската компанија Cambridge Analytica собира и користи податоци од околу 87 милиони корисници.

Тие податоци се користени за време на предизборната кампања за претседателските избори одржани во 2016 година.

Исто така, Закерберг истакна дека неодамна биле избришани околу 10.000 лажни профили кои се користени во политички цели, вклучувајќи го и руското влијание на минатите американски претседателски избори.

Закерберг одговараше и на прашањата зошто не се реагирало во заштитата на приватноста.

Според неговите тврдења, често станува збор за своевидна војна која се води меѓу вештачката интелигенција во рамките на Facebook и апликациите, профилот и оние кои ги купуваат податоците и имаат лоши намери. Тоа е случај, како што вели Закерберг, бидејќи луѓето не можат да следат толкава количина на податоци, односно дека во целиот тој процес мора да биде вклучена вештачката интелигенција.

Интересен момент од сведочењето, беше прашањето на еден од сенаторите околу тоа дали Закерберг сака да им открие во кој хотел моментално престојува, на што директорот на Facebook одговори со „не“.

Целта на сенаторот беше токму Закерберг, кој е обвинет за ноншалантно однесување кон приватните податоци на корисниците, на свој пример да покаже почит кон приватноста.

Директорот на Facebook во неколку наврати мораше да објаснува како оваа социјална мрежа функционира, како заработува пари, односно како располага со податоците на своите корисници. Исто така, во повеќе наврати Закерберг не знаеше да одговори, префрлувајќи ја тежината на прашањата на „својот тим“, кој во краток период би ги доставил одговорите до Конгресот.

Покрај случајот со Cambridge Analytica, на Закерберг му беше поставено и прашањето зошто Facebook доцнел во спречувањето на ширење на омраза во случајот со геноцидот во Мјанмар.

Закерберг одговараше и на прашања околу приходот на компанијата во однос на корисниците.

Имено, Закерберг, призна дека поголемиот дел од корисниците не го читаат договорот кој мора да се прифати при креирање на профил. Сенаторите алудираа на тоа дека Facebook на луѓето им нуди премногу правни термини кои се неразбирливи за обичниот човек.

Поединечни сенатори изразија сомневање во тоа дека Facebook самостојно ќе ја поправи својата политика, односно побараа поголема контрола, нагласувајќи дека компанијата на Закерберг и слични платформи на неа, би требало да бидат контролирани преку надворешна агенција, која би се воспоставила со нов закон.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе