Захариева: Бугарија нема да прави компромис со своите национални интереси

Бугарија како членка на ЕУ продолжува да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и не се точни и крајно се неосновани тврдењата дека Бугарија влегува во „белградски“ и „странски сценарија“ запирајќи го влезот на Северна Македонија од патот кон членство во ЕУ. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за емисијата „Контракоментар“ на блогерот Асен Генов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа рече дека пред три години по крајот на бугарското претседателство со ЕУ, претседателствата по нив се чувствувале должни да го продолжат тој приоритет и тоа се претвора и во нивен приоритет.

-Колегите од Австрија, Хрватска, Романија, Португалија и Германија, а сега и Словенија, објави дека ќе се занимава со темата, вклучително и Чешка, којашто е по 18 месеци ротациски претседавач. Не сме среќни што требаше да кажеме „не“, но ние не можеме да го трпиме тоа што се случува таму (Северна Македонија), рече Захариева.

Во однос на позициите на австрискиот канцелар Себастијан Курц и германскиот министер за европски прашања Михаел Рот, дека проширувањето на ЕУ не треба да стане заложник на билатералните спорови и бугарската политика кон С. Македонија, Захариева рече дека нерешените прашања треба да се решат претходно и оти Бугарија нема да прави компромис со своите национални интереси.

Според Захариева, бугарската Влада не реагирала официјално за изучувањето на српскиот јазик во С. Македонија затоа што тоа е внатрешно прашање.

– Тоа е внатрешно прашање, ние не можеме да се мешаме за воведувањето српски јазик и отворање нивен културен центар, тоа е внатрешно прашање. Само сакаме да има и бугарски културен центар, рече Захариева.

Оцени дека „меѓу двете држави нема нормален пат, нема железничка линија и се создаваат административни пречки пред бугарски компании во Северна Македонија, што сакаат таму да инвестираат“.

Потврди дека Бугарија била сојузник на Германија за време на Втората светска војна и дека имало Закон за заштита на нацијата, но бугарскиот народ, дел од пратениците, бугарската Црква и интелектуалци, биле причина да бидат спасени бугарските Евреи од депортација.

-Се гордеам со спасувањето на бугарските Евреи, тоа се вели не само од Бугарија, има признание и од Израел и од сите меѓународни еврејски организации, но во исто време, жалиме за тоа што над 11.400 Евреи не биле спасени на територии што во тоа време биле самоадминистрирани од Бугарија, без да бидат бугарски, рече Захариева.

Според неа, единствената нација во учебниците по историја во Северна Македонија што е претставена како фашистичка е бугарската.

-Јас не мислам дека бугарскиот народ е фашистички народ. Тогаш и Италијанците и Албанците исто така треба да бидат посочени како фашисти, затоа што и тие биле сојузник во оној историски момент на Германија, рече Захариева.

Се заблагодари на властите во Скопје за затворање на Facebook групите во кои имало говор на омраза против Бугарија, истакнувајќи дека најважно е да ги смириме емоциите и ако не ги решиме проблемите и двете држави ќе загубат. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе