Захариева: Не е точно дека Бугарија го оспорува македонскиот идентитет

Софија, 16 февруари 2021 (МИА) – Не е точно дека Бугарија го оспорува македонскиот идентитет. Тоа е лага, вели буагарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за zoom.mk.

– Многу пати сме го кажале и вашите политичари го знаат тоа. Но, пред македонското општество и пред европските политичари полесно е да се претставува дека ние го оспоруваме вашиот идентитет. Прашањето дали го оспоруваме идентитетот беше решено со чинот на признавање на независноста на Република Северна Македонија од Бугарија, како прва земја, изјавува Захариева.

Таа вели дека во Бугарија нема негативен став кон граѓаните на земјава и сака така и да остане.

– Секојдневните навредливи изјави, лагите кон бугарската позиција и бугарскиот народ им штетат на билатералните односи и може да доведат до промена на ставот на Бугарите, додава Захариева.

Захариева, сепак, смета дека сега односите меѓу двете земји „не се толку лоши“, бидејќи Скопје и Софија разговараат, за разлика од периодот на поранешниот премиер Никола Груевски, кога, како што вели, „немаше состаноци“.

– Имаме проблеми, имаме премногу остра јавна реторика, непримерен говор, од кој се обидувам да не бидам дел. Премиерот (Бојко Борисов) исто така. Мојот повик е да не разговараме преку медиумите, ние сме во постојан контакт, имаме телефони. Ние секогаш можеме да се чуеме, секогаш можеме да се видиме, вели Захариева.

Според неа, решението на проблемот меѓу двете земји е во враќање кон Договорот за пријателство и добрососедство и негова имплементација.

– Забележавме постепено отстапување од обврските од Договорот веднаш штом Република Северна Македонија стана наш сојузник во НАТО. Не сакам да мислим дека договорите беа потпишаа само со цел Бугарија да каже „да“ и потоа да престанат да се спроведуваат, вели Захариева.

Таа оценува дека земјава треба да ги почитува своите обврски од Договорот за добрососедство и пријателство со Софија и да „престане потткнувањето омраза кон Бугарија и Бугарите“.

– Не е нормално ова да се случува во 21-от век и да се победува на избори со единствена програма за омраза и негирање на соседна земја. Ова не се случува во Бугарија и многу ми е драго што е така, тврди шефицата на бугарската дипломатија. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе