Захариева: Не ја блокираме, 30 години сме ѝ помагале на Северна Македонија

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија ги има сите гаранции да се применува во добра волја и од двете страни. Нам целта не ни е да ја блокираме, туку напротив, во изминатите 30 години сме ѝ помагале на Република Северна Македонија, изјави во интервју за БГНЕС шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

-Договорот е од 2017 година и има гаранции да се спроведува во добра волја. За жал, нашата оценка е дека тоа не е така. И покрај многу шпекулации во медиумите, особено во Република Северна Македонија – ниту сме барале промена на Уставот, ниту имаме нови барања, ниту пак сме го оспорувале правото на самоопределување на секој граѓанин, вклучително и на граѓаните на Република Северна Македонија, ниту правото да го нарекуваат јазикот како што сакаат, вели Захариева, додавајќи дека „како што ние ја признаваме реалноста, така и тие треба да го признаат минатото и оти тука нема ништо сложено“.

Потсети дека Бугарија, за време на нејзиното претседавање со ЕУ, ја ставила повторно на дневен ред темата за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, исто како што е тоа цел и на актуелното германско претседателство со Советот на ЕУ.

Захариева вели дека онлајн тимовите на министерствата за надворешни работи помеѓу двете земји се во постојана комуникација за решавање на преостанатите прашања.

– Во секојдневни преговори сме. Денес онлајн тимовите на нашите министерства за надворешни работи се обидуваат да ги решат спорните прашања, така што гледаме повеќе напред. Но, малку време останува. Преговорите се интензивни, рече Захариева.

Потсети дека на седницата на 10 ноември на Советот за заеднички работи треба да се одобри Преговарачката рамка, но тоа, според неа, не е конечен датум.

Во врска со рамката, Захариева оцени дека Бугарија не е во состојба да ја одобри рамката во нејзината сегашна форма, во која е претставена.

-Засега Бугарија не е во состојба да ја одобри рамката во оваа форма. Имаме време, но тоа е многу малку, рече шефицата на бугарската дипломатија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе