Захариева: Односите меѓу С. Македонија и Бугарија да наликуваат на оние на Шпанија со Латинска Америка

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева денеска во интервју за Ефе изјави дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија сѐ додека не се стави крај на „говорот на омраза кон сѐ што е бугарско“, јави БГНЕС.

Според Захариева, односите меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да наликуваат на односите меѓу Шпанија и Латинска Америка.

– Проблемот со историјата е што погрешните и лажни интерпретации на настаните, луѓето и случувањата имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава јазик на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, нешто што е апсолутно недозволиво за нас, вели таа.

Захариева со обвинување до македонската политичка елита дека „ги минале изминатите 30 години од независноста од Југославија за да го стимулираат и толерираат тој јазик на омраза, нешто што во крајна смисла влијаеше на обичните граѓани во земјата“.

– Бугарија никогаш не го одрекнувала правото на постоење на македонската држава, нејзиниот суверенитет и желбата да го нарекуваат јазикот, како што сакаат. Но, сето тоа не треба да се случува со помош на лаги и со одрекување за тоа како е создадена нацијата, додаде Захариева.

Таа како пример ја наведува Латинска Америка. – Фактот дека Аргентинците и Чилеанците говорат на шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека тие имале заедничка историја до еден момент не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив тоа ги зближува, смета Захариева.

Додаде дека како што Шпанија е најголемиот поддржувач на тоа ЕУ да има поблиски односи со земјите од Латинска Америка, така и Бугарија била првата држава, која ја признала независноста на Македонија во 1991 година и го поставила прашањето за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, за време на бугарското претседателство во 2018 година.

Таа повторно со критика дека македонската страна не го почитува Договорот за добрососедство. Според неа, од влезот на земјава во НАТО е забележано забавување во сите области на соработка, од економијата, до инфраструктурата, образованието.

Захариева рече и дека Бугарија стравува од македонските територијални претензии и тврдењата дека во Бугарија има македонски малцинство, што го изедначи со иредентизам.

На прашањето дали европските партнери имаат разбирање на бугарската позиција, Захариева рече дека и Грција во минатото не била разбрана.

Додаде дека бугарската позиција е во преговарачката рамка за Северна Македонија да бидат вклучени три посебни точки:

  • формулација за официјалниот јазик на Северна Македонија
  • патоказ за реализирање на Договорот од 2017 година
  • откажување од страна на Скопје од претензиите за постоење на македонско малцинство во Бугарија.
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more
 

Вести

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе