Захариева: Сите треба да ги смириме емоциите

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја критикуваше изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во понеделникот на дебатата на американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“, јави дописникот на МИА од Софија.

Заев тогаш кажа дека позицијата на Бугарија е непринципиелна и спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

-Нашиот став е дека пријателите не треба меѓу себе да се блокираат. Напротив, тие треба да си помагаат. Бугарија мора да разбере дека имаме суверено право да се определиме и чувствуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а со тоа да се почитуваат и сите европски идентитети кои ги имаме во нашата земја. Сметам дека нивниот сегашен став е анахрон и е спротивен на меѓународното право. Ние како држава ќе продолжиме да ги правиме сите напори да постигнеме надминување на проблемите, притоа почитувајќи се себе си и останатите. Нашата држава е Европа во мало, рече тогаш Заев.

Захариева истакна дека нивниот проблем е тоа што сметаат дека се негува омраза кон Бугарите и оти не се исполнува Договорот.

-Принципиелно ли е да воспитуваш генерации по генерации со омраза кон соседната држава и целиот нејзин народ. Проблемот е дека се негува омраза кон Бугарите, дека не се исполнува Договорот. Не може во 21 век да продолжуваат овие форми на секаков вид дискриминација, рече Захариева во одговор на изјавата на Заев.

Захариева повтори дека Бугарија сака да ја види Северна Македонија како дел од Европската Унија.

-Тоа што сите нѐ прашуваат е зошто да не започнат преговори, а во самиот преговарачки процес да се решат проблемите. Само што не може се да се решат за еден ден, емотивни се, сакавме неколку чекори пред процесот за одобрување за ЕУ, рече Захариева за Нова ТВ.

Таа е уверена дека со коалициските партнери нема разлики во однос на македонското прашање.

-Во однос на темата за Република Северна Македонија имаме одлука во Парламентот, што е едногласно усвоена. Со сигурност има затегнување во односите и сметаме дека сите треба да ги смириме емоциите, додаде Захариева.

Таа смета дека не треба да се зборува за оставка на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по неговата посета на Москва.

– Борел не треба да биде остранет од функцијата, затоа што тоа ќе ја зголеми напнатоста, изјави таа, додавајќи дека поранешниот амбасадор на Бугарија во Скопје, кој сега е европратеник, дел од коалицијата ГЕРБ-СДС, Александар Јорданов и уште 72 европратеници бараат негова оставка.  Поводот за тоа е неговата посета на Москва, што според нив го нарушил угледот на Унијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе