Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина

Макфакс
/ 20.03.2025 / 18:57

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека одредбите од новата одбранбена стратегија на ЕУ за помош на Украина укажуваат на намерата на Европа да ги наруши руско-американските преговори за Украина.

„Сето ова јасно го покажува непроменливиот курс на раководството на Европската Унија и на мнозинството нејзини членки во насока на поткопување на руско-американските напори за изградба на дијалог за изнаоѓање начин за мирно решавање на украинскиот конфликт“, рече Захарова на брифингот, пренесува РИА Новости.

Според неа, во тек се подготовки за средби меѓу Русија и САД за Украина, вклучително и договор за датумот на средбата и составот на делегациите.

Коментирајќи ја најавата на Пентагон за продолжување на испораката на воена помош за Киев, Захарова оцени дека испораката на американско оружје за Украина е во спротивност со изјавите на Вашингтон за неговата намера да постигне дипломатско решение за украинската криза.

„Оние што сакаат да постигнат мир во Украина, природно ќе се залагаат за што поскоро прекинување на милитаризацијата на терористичката банда претставена од властите во Киев“, истакна портпаролката на руското министерство и предупреди дека испораката на оружје за Украина „го попречува решението и директно ги вклучува земјите од НАТО во конфликтот, нагласувајќи дека тие „си играат со оган“, пренесува Танјуг.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Свет

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Read more

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Read more

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Read more

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Read more
 

Вести

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе