Захарова: Русија во Одеса уништи објекти на воената инфраструктура

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека руските проектили ја уништија воената инфраструктура во украинското пристаниште Одеса.

„Ракетите Калибр уништија воена инфраструктура во пристаништето Одеса, испраќајќи украински воен брод на омилената адреса на режимот во Киев, со високо прецизен удар“, напиша Захарова на својот профил на Телеграм, одговарајќи му на  украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера кажа дека ударите ја уништиле можноста за дијалог или договор со Москва.

По нападот на Одеса, град и пристаниште од витално значење за украинскиот извоз на жито, Украина го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека им „плукна в лице“ на ОН и Турција и го доведе во прашање спроведувањето на договорот потпишан во петокот за деблокирање на извозот на жито.

Во вчерашната изјава до Турција, Русија негираше дека е вмешана во тие напади.

-Русите ни кажаа дека немаат апсолутно никаква врска со тој напад и дека многу внимателно го разгледуваат прашањето, кажа турскиот министер за одбрана Хулси Акар.

Според портпаролот на украинските воздухопловни сили, вчера два проектили ја погодија областа околу пристаништето Одеса, а уште два биле соборени од украинската воздушна одбрана пред да ја погодат целта.

Руските напади врз црноморското пристаниште Одеса вчера ги осудија генералниот секретар на ОН, шефот на европската дипломатија и други западни претставници. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе