КУП НА МАКЕДОНИЈА 2023/2024 ФИНАЛЕ

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Филип Здравески
/ 21.05.2024 / 13:43

Костадин Захов зимава дојде во охридскиот клуб и веднаш ја доби капитенската лента. Но, откри и дека при потпишувањето на договорот сопственикот на клубот побарал нешто од него...

Захов со тренерот Срѓан Захариевски на денешната прес-конференција; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Голманот на Воска Спорт има големо куп искуство. Во двете финалиња со неговиот поранешпен клуб Шкендија, од каде зимава се пресели на бреговите на Охридското Езеро, има и две титули. Да не ги заборавиме и оние 5 како освојувач на 1.МФЛ, од кои 3 со Шкендија и 2 со Вардар.

„Очекувам добар натпревар. Тиквеш е квалитетна екипа, играат офанзивен фудбал и заслужено се тука. Ние исто така имаме свои очекувања од натпреварот за титула. Многу е поинаку од моите претходни искуства во вакви натпревари. Веројатно и многу поголем предизвик. Ова е млад клуб, нема притисок, испишуваме историја. Веројатно за мене ќе биде многу полесно да се игра ова финале отколку претходните. Се надевам дека ќе успееме да стигнеме до пехаро“, изјави Захов.

Кога во јануари по потрага по минутажа Захов од Шкендија се пресели во дебитантот во првата лига, чија цел сезонава беше да избори опстанок во македонската елита, веројатно не ни помислил дека на крајот ќе се бори за уште еден пехар во својата богата колекција.

„Кога дојдов во Охрид тимот веќе беше во полуфиналето, а газдата на клубот ми рече: 'Од тебе чекам да ни ја донесеш куп титулата'. Еве сме сега тука, толку блиску. Но, треба и да се одигра финалето на најдобар можен начин“, додаде 36-годишниот голман.

Воска Спорт е клуб формиран во 2019 година и пласманот во куп финалето е огромен успех за овој тим. Во својот пат во првата лига освои титули шампион на 3.МФЛ Југозапад и на 2.МФЛ.

Тиквеш и Воска Спорт куп финалето ќе го одиграат утревечер од 19 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Билетите се веќе во продажба преку MKTickets, а на денот на натпреварот ќе може да се купат и на билетарницата на стадионот.

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Read more

Решете го проблемот со лошиот здив со помош на две овошја

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Фудбал

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Read more

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Read more

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Read more

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Read more
 

Спорт

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Читај повеќе
  • play_arrow

Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Читај повеќе

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Читај повеќе

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Читај повеќе

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Читај повеќе

Олмо: Ја одбив Хрватска и не ми е жал

Читај повеќе
  • play_arrow

Берман го искрши болидот на првиот тренинг

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ со рекорден број поени за Лејкерс, Кари испиша историја со бројот на тројки

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал Мадрид на удар за ѓубрето што го оставија на стадионот на Атлетико

Читај повеќе