Заклучоците за проширувањето на ЕУ не се усвоија

По блокадата на Чешка и Словачка вчера, контроверзните заклучоци за проширувањето не се усвоени од страна на Советот на ЕУ, темата ѝ се остава на Португалија.

Дипломатите во Брисел не паметат кога последен пат годината завршила без заклучоци за проширувањето на ЕУ, но по денешниот амбасадорски состанок е извесно дека овој пат тие нема да се усвојат, откако Чешка и Словачка оценија дека текстот оди предалеку во мешањето на билатералните спорови.

По месеци напорни дискусии со Бугарија околу вметнувањето на параграф кој гласи дека Договорите со Грција и Бугарија треба да им стават на крај на барањата поврзани за „погрешното толкување на историјата“, германското претседателство попушти на почетокот на оваа недела и прифати да се внесе реченицата.

Иако до последен момент амбасадорите мислеа дека работата е завршена се огласија шефовите на чешката и словачката дипломатија вчера и побараа да се блокираат овие заклучоци сѐ додека прашањето не биде дебатирано на министерско ниво.

Братислава и Прага обвинија дека оваа реченица е еднаква на „фалсификување на историјата“ и потсети дека не е на ЕУ да суди како се идентификува една земја, ниту кој јазик го говори и предупреди дека ваква реченица претставува опасен преседан за процесот на проширување понатаму, поради што тие не се во можност да дадат согласност за овие заклучоци.

Според дипломатите во Брисел барањето на Чешка и Словачка не е примено со незадоволство и се изразува разбирање за нивниот став, освен во Софија.

Следниот состанок на кој ќе се разговара за проширувањето ќе биде идната година, под португалско претседателство, но за сега нема индикација кој ден точно тоа ќе се случи. И покрај фактот што Португалија е географски оддалечена и проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан не е во нејзините приоритети, дипломатите велат дека Лисабон покажува исто така разбирање за ситуацијата.

Атмосферата во дипломатските кругови во Брисел ѝ е наклонета на Северна Македонија, а посебно се нагласува фактот што никој во македонскиот државен врв не даде провокативни изјави, а земјата постојано покажува подготвеност за разговор и компромис, за разлика од Бугарија, чии провокативни изјави за историјата, јазикот и самоопределувањето не останаа незабележани.

Дипломатите исто така предупредуваат дека Бугарија треба „повнимателно“ да се однесува бидејќи и самата бара приклучување кон Шенген зоната, за што би можела да биде условена со „конструктивно“ однесување.

Однесувањето на Бугарија ги шокирала и европските и американските партнери, надежта во Брисел е дека страстите ќе се смират во Софија од идната година.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе