Законот за амнестија предвидува целосно ослободување за казна затвор до 6 месеци

Текстот на законот кој беше усвоен на минатата владина седница беше усогласен и даден на мислење, по што Владата даде зелено светло на денешната седница и ќе биде доставен во Собранието, информираа од Министерството за правда.

Со овој закон се уредува ослободување на казна затвор на лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале или не започнале со издржување на казна затвор во казнените поправни установи во земјава. Се однесува и на лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривични закони на друга држава доколку сторителот е македонски државјанин и казната ја издржува во Македонија врз основа на извршување на кривична пресуда на странски или меѓународен суд и истата е признаена со пресуда на надлежен суд во Македонија, согласно меѓународен договор ратификуван согласно Уставот.

Целта, како што велат од Министерството за правда, е да се овозможи ресоцијализација на сторителите на кривични дела и рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа.

Со законот се предлага ,лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела ,, Злоупотреба на службената положба и овластување”од член 353 , ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, сите од Кривичниот закон,за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово -базирано насилство.

Амнестијата не се однесува за кривични дела ,,Разбојништво” од член 237 став 5 и ,,Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела ,, Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, ,,Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, ,, Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, ,,Примање поткуп” од член 357,, ,, Давање поткуп” од член 358, ,,Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за ,,Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик.

Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година.

Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.

Од Министерството објавија дека очекуваат поддршка од сите пратеници за ова законско решение.

реклама

Три најопасни жени во Зодијакот

Read more

Десерт на денот: Австрискиот кајзершмарн е сличен на палачинки

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Read more

Македонија

Мицкоски ќе прифати минимална плата од 450 евра ако се усогласат работодавачите и работниците

Read more

Трендафилов: Минималната плата не само 450 евра, туку и повеќе е барање на работниците

Read more

Шанса за Центар: Герасимовски ја полни касата од издадени градежни дозволи

Read more

СДСМ: Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката

Read more
 

Вести

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски ќе прифати минимална плата од 450 евра ако се усогласат работодавачите и работниците

Читај повеќе

Полициско возило излета од патот Охрид-Кичево: Повредените полицајци пренесени во болница

Читај повеќе

Трендафилов: Минималната плата не само 450 евра, туку и повеќе е барање на работниците

Читај повеќе

Спречен терористички напад на божикен панаѓур во Германија

Читај повеќе

Доаѓа драматична зимска бура во Европа, ќе зафати и дел од Балканот

Читај повеќе

Шанса за Центар: Герасимовски ја полни касата од издадени градежни дозволи

Читај повеќе

Обвинение против 4 лица за предизвикување омраза

Читај повеќе

Изложба (Ре)откружено во Крива Паланка

Читај повеќе