Законот за попис пред гласање, опозицијата собира потписи да го поништи

Со успешен попис добиваат граѓаните и државата, порачаа вчера од владејачката СДСМ, а опозициската ВМРО ДПМНЕ повтори дека се подготвува за акција за собирање потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис, за кој завчера во Собранието заврши расправата.

„Доста е со неразумни блокади, кочења, поларизација“, изјави Стефан Васев од СДСМ, порачувајќи му на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека пописот на пописот не се гласа односно тоа не се избори, туку е статистичка операција.

„По шест изборни порази можеме да разбереме дека Мицкоски има страв од граѓаните, но не треба да се плаши, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција. Доста се неразумни блокади, кочења, полиризација. Успешниот попис Мицкоски може да го смета за уште еден негов пораз, но пописот не се избори таму нема губитници и победници. Со успешен попис, добиваат граѓаните, добива државата“, изјави Васев од СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ пак истакнаа дека подготвуваат документи, кои треба да се поднесат до Министерството за правда за да може да се спроведе акцијата за собирање потписи на терен, но, како што рече партискиот портпарол Наум Стоиловски, до тоа може и да не дојде ако власта се повлече од носење ваков закон.

Го повтори ставот на партијата дека законот е без методологија и содржи индиции за политичка, а не статистичка операција.

„Таа акција ќе биде спроведена онака како што треба, преку подрачните единици на Министерството за правда, луѓето ќе може да се потпишат во подрачните единици низ градовите, а бројот на потпишани нема да биде нешто за занемарување од страна на владејачкото мнозинство. И целта е тоа, да се повлече овој закон и да се донесе закон кој што ќе значи општествен консензус за статистичка операција – попис поддржана од сите“, изјави Стоилковски.

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА порача дека не постои политичка терминологија што користи израз бојкот на пописот.

„Вие може да не ги признаете резултатите, тоа е легитимно, меѓутоа не постои израз ќе ги повикаме граѓаните да го бојкотираат пописот. Не би сакал за нечија политичка реторика, не обвинувам никого конкретно, меѓутоа за нечија политичка реторика дека треба не знам какви услови да се исполнат какви што не се исполнети никаде во Европа, на пример, отпечатоци на прсти, за кои јас знам дека премиерот се обиде да направи нешто, меѓутоа му беше кажано од многу меѓународни експерти дека така не се прави попис никаде во Европа, дури ни на Балканот. И особено не е можно да се направи отпечаток на прсти да се земе од малолетници под 18 години. Тоа ни по закон не е дозволено ни по меѓународна пракса. Значи, ако вие се обидувате со одредена реторика да кажете дека ние не сме толку колку што ќе прикаже пописот утре, а затоа имате скриена политичка агенда, тогаш е чесно да го кажете тоа однапред, а не по пописот“, вели Пендаровски.

Собранието завчера по три дена ја заврши расправата по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, согласно кој по 19 години земјава годинава треба да ја изврши оваа статистичка операција. По Предлог – законот, како што најави е најавено, ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое ќе биде дополнително закажано.

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќање пред пратениците истакна дека државата и системот се подготвени за попис, бидејќи, како што рече, речиси 20 години таква операција не е спроведена, а е од исклучителна важност за развојот на државата. Доказ за подготвеноста наведе дека е и извештајот на Европската Комисија, во кој се нотирал добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението, како и тестирањето на новата методологија.

Во земјава првиот попис е одржан во 1948 година. Спроведени се осум пописи, а последниот во 2002 година. Во 2011 година почна да се релизира ваква статистичка операција, но, таа беше прекината. 

Тагови
реклама

Британците збеснаа поради интервјуто на Меган и Хари: Ова е предавство

Read more

Сто факти за вселената во кои нема да ви се верува

Read more

CAT техника - сигурен пат до женски оргазам

Read more

Илон Маск остана без 27 милијарди долари минатата недела

Read more

Македонија

Марш под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ по повод 8 Март

Read more

316 нови случаи од 1.562 тестирања за COVID-19

Read more

Истражители на СЈО му вршеле закани и притисоци на обвинет во случајот „Тортура”

Read more

Филипче: Не се предвидени нови рестрикции за угостителските објекти

Read more
 

Вести

Марш под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ по повод 8 Март

Читај повеќе

316 нови случаи од 1.562 тестирања за COVID-19

Читај повеќе

Маж исчезнал во водите на Вардар во близина на ПИОМ

Читај повеќе

Американците очекуваат до 2030 година да имаат жена за претседател

Читај повеќе

Илон Маск остана без 27 милијарди долари минатата недела

Читај повеќе

Приведен крадец од Скопје, извршил 33 кражби во Битола и во Охрид

Читај повеќе

Истражители на СЈО му вршеле закани и притисоци на обвинет во случајот „Тортура”

Читај повеќе

Филипче: Не се предвидени нови рестрикции за угостителските објекти

Читај повеќе

Царовска: Жените просветителки ја создаваа државата, жените просветителки ја градат иднината

Читај повеќе