Законот за задолжително пензионирање блокиран од опозицијата со 400-500 амандмани

Законското решение за задолжително пензионирање во јавниот сектор на 62 и 64 години е во собраниска процедура, но блокирано со 400-500 амандмани од опозицијата, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференција во Владата, Шахпаска ги повика пратениците и од власта и од опозицијата да ја надминат оваа ситуација и да овозможат процесирање на законот, особено зашто, како што нагласи, сите амандмани се во суштина исти и се однесуваат само на рокот за важење на законот.

-Моите сознанија се дека законот е стигнат до второ читање, но за сите четири закони кои го регулираат пензионирањето со 64 години, законите за работни односи, за административни службеници, за здравствена заштита и за високо образование, се блокирани од страна на опозицијата со по 400-500 амандмани. Ги повикувам пратениците, како од власта, така и од опозицијата, да најдат решение и исход зашто нашите сознанија се дека сите амандмани се во суштина исти, само за преместување на рокот за важење на законот. Да се договорат и ова законско решение да се биде поднесено, истакна министерката.

Шахпаска напомена и дека законското решение е предложено од пратеници, а Министерството не учествува во законодавната, собраниска процедура.

-Согласно предвидените законски решенија, сите граѓани кои наполниле 64 години и кои согласно важечкото законско решение до крајот на 31 август 2020 година поднеле барање за продолжување на нивниот работен век во следната година, ќе важи договорот за работа до неговото истекување, најдоцна до 31 декември 2021 година. Тоа е одредбата која ја предвидува законското решение кое ни беше дадено на увид од страна на пратениците, објасни Шахпаска. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе