Законот за здруженија и фондации ќе биде објавен на ЕНЕР до крајот на октомври

Во Министерството за правда е формирана работна група за изготвување на нов Закон за здруженија и фондации, со кој ќе се доуредат условите врз основа на кои ќе може да се регистрира здружение. Како што информираат од Министерството за правда, се работи на подготовка на Законот, а најдоцна до крајот на октомври ќе биде објавен на ЕНЕР каде сите заинтересирани лица ќе можат да дадат свои мислења, забелешки и сугестии.

По објавувањето на ЕНЕР, ќе следат и одржување на јавни расправи, а од Министерство за правда, посочуваат дека целта на измените на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на  регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање.

– Во нашето законодавство, слободата на здружување е уставно загарантирано право (член 20 став 1 од Уставот) и се остварува преку основање на здруженија, фондации и други субјекти. Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување, се вели во соопштението од МП.

Во меѓувреме, со цел, како што посочуваат од МП, да се спречат и превенираат одредени состојби, формирано е советодавно тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице.

– Улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекс низ различни епохи. Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на месец март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање, информираат од Министерството за правда. 

Мизрахи: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе Закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации со што не само ќе се спречи идно формирање на вакви квази културни клубови туку и ќе може да се реагира за веќе постојните кои власта на СДСМ дозволила да се регистрираат и е нивен соучесник.

Ова го изјави денеска во Охрид пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, а по повод отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид.

– Ова не се европски вредности. Затоа, уште денес на овие процеси мора да се стави крај. По, Ванчо Михајлов и Цар Борис III, неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители. На крајот на денот не се само Евреите, македонскиот народ памети колку жртви дал за ослободување од војските испратени од оној на кој денес во Охрид му се отвора културен центар, изјави меѓу другото Мизрахи.

Во последниве две години, рече таа, на политичката сцена во Македонија и Бугарија, се повидливи стануваат актерите кои се залагаат за ревидирање на историјата, историските факти што меѓу останатото, подвлече, резултира со обиди за  искривување на вистината за холокаустот на Евреите од Македонија.

Според неа, ова е во целосна контрадикторност со резолуцијата на Обединетите Нации за спречувањето на негирање на холокаустот од 20 јануари 2022 година, како и дефиницијата на игра која е усвоена од Европската комисија.

– Само еден елемент на овој процес е отворање на т.н. „културни центри“ со називи на контроверзни историски личности и фашисти, како што е Цар Борис III, кои имале директно учество во геноцидот на Евреите од Македонија. Би сакала да нагласам дека Евреите од Македонија се дел од европското семејство и ваквите процеси, за мене, а верувам и за сите вас се неприфатливи и претставуваат повеќе од сериозна провокација, истакна пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ.

Се осврна на тоа дека пред 22 години на третата конференција за холокаустот во Стокхолм поточно во 2000 година, барањето на Република Бугарија да биде прогласена за земја праведник – земја која ги заштитила Евреите од депортација, како што рече, било одбиено од учесниците на конференцијата со образложение дека монархофастичкиот режим во Бугарија предводен од Цар Борис III и владата на Богдан Филов изврши депортација на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија.

– Како што знаете, Македонија во текот на Втората светска војна загуби 7.144 Евреи од Македонија кои беа депортирани од бугарската фашистичка војска, во логорот на смртта – Треблинка од каде никој не се врати. Во нивен спомен обележје во Скопје е изграден меморијален центар, кој воедно е и единствениот сефардски меморијален центар во светот. Официјалната документација, која ја раскажува вистината за овие случувања во време на Втората светска војна, се наоѓа во самиот меморијален центар, меѓутоа и во Вашингтонскиот меморијален центар како и Јад Вашем во Израел и се јавно достапни, говореше Мизрахи. 

Тагови
реклама

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе