Заловена втора женка рис близу Стража

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Тимот од Македонското еколошко друштво (МЕД) што работи на зачувување на балканскиот рис, на 12 февруари со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража.

Како што соопшти МЕД, се работи за здрава женка, веројатно на возраст од 2-3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на рисицата во кафез-замката биле преземени стандардни процедури и мерења за утврдување на здравствената состојба на единката. За време на постапката, присуствувале претставник од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и ловџии од ловното друштво „Сокол-З“ од село Зајас. Потоа рисицата била пуштена на слобода.

– Ова е втора рисица (по Маја, што ја следевме во 2017 и 2018 година) што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и GPS-следење. Со ова го збогатуваме нашето знаење за распространувањето на рисот, и за неговите потреби од храна и живеалиште. Рисицата претходно беше снимена лани на истиот локалитет со помош на фотозамки. Таа засега е во добра состојба, а тоа го потврдуваат и првите податоци со помош на следење GPS-сигнал, кои ни го открија и нејзиниот прв плен по обележувањето – срндак уловен пред 4-5 дена, изјави Диме Меловски, од Македонско еколошко друштво.

Ловџиите од ловното друштво „Сокол-З“ одлучиле рисицата да ја крстат Нарциса.

– Нарциса, ти посакуваме богат плен и голем пород. Од 2010 година па наваму, МЕД има заловено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со кои стекнавме вредни податоци за однесувањето на ова таинствено животно кои ни даваат податоци за нивно правилно зачувување. На Балканот се проценува дека има уште 40 возрасни единки на балкански рис, што според Меѓународната унија за зачувување на природа (IUCN) е животно со критично загрозен статус, стои во соопштението од МЕД.

Фото: Македонско еколошко друштво

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе