Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Скопје, 24 јуни 2019 (МИА) – Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот Facebook профил во отворено писмо до премиерот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ и дека „промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме“.

– Ова ви го соопштив уште пред реконструкцијата, но еве сега може и да се процесуира. Едноставно, мојата позиција станува неодржлива и неефективна. Истовремено, давам оставка и на сите дополнителни функции во рамките на Министерството за образование и во Владата која Вие ја предводите. Во изминатите неполни 10 месеци, со големо задоволство и верба ја прифатив поканата да ја извршувам оваа функција. Влегов во систем кој со години не само што не се менувал, туку и многу назадувал и еродирал. Освен многуте и бескрајни формалности во работата на Министерството, овој период не се случи ништо позначајно. И тоа што навидум се тркала е далеку од потребите на системот и не ги менува севкупните состојби. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! Пред само една недела во еден јавен настап кажав дека треба да се запали црвеното светло и дека ако продолжиме со ова темпо, може да очекуваме образованието да го реформираме за 10 до 15 години. А можевме многу, многу, подобро, пишува Атанасов во отвореното писмо.

Посочува дека уште од самиот почеток не му било дозволено да формира тим со што ефектите од неговата работа, како што вели, би биле многу поголеми, а предлозите што ги имал (меѓу кои и за Филмскиот институт во Охрид) останале во кабинетот на министерот или во кабинетот на премиерот или се нереализирани поради инертноста и спороста на образовните институции.

Без суштински и доброосмислени и реализирани промени во образованието, наведува Атанасов, „корен не може да фати“ ниту Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам на чија подготовка се посветил во изминатите десет месеци.

-Моја намера и лична желба е да се вратам на академската кариера, затоа што револуцијата што ја покренавме почна да ги јаде сопствените деца. Годинава навршувам 30 години професионална работа и професионални ангажмани во неколку клучни и различни сектори, исполнети со потраги по нови предизвици. За жал, моите очекувања дека преку политичкиот ангажман во изминатите шест години ќе влијаам во насока на реално подобрување на состојбите во општеството, особено во образованието и несебичното вложување за таа цел, не се остварија. Се чини дека иако декларативно сите говорат дека се залагаме да ги задржиме младите во државата, без вистинска реформа и поквалитетно образование, како и можност за поголем просперитет за младите, тоа нема да се случува. До некој следен предизвик!, напиша  Петар Атанасов.

Атанасов има докторирано социолошки науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на тема „Мултикултурализмот како идеја, теорија и практика“. На функцијата заменик-министер во МОН дојде откако во 2016 година беше избран за пратеник во Собранието, каде што ја водеше и Комисијата за образование, наука и спорт.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе