Замина гинисовиот Руди, фудбалскиот тренер-рекордер

Водеше вкупно 55 тимови во 32 држави, а беше и селектор на 21 различна репрезентација од сите континенти.

Рудолф Гутендорф замина во легендите. Германскиот тренер и поранешен фудбалер почина на 93-годишна возраст, а е познат по тоа што го држи Гинисовиот рекорд за најголем број на тимови на чија што клупа седел.

Роден на 30 август 1926 година во Кобленц, популарниот Руди како фудбалер настапуваше единствено за локалниот Нојендорф, денешен Кобленц. Тренерската кариера ја почна во 1955 откако помина курс за обука кај славниот Зеп Хербергер, селекторот што го освои Мундијалот во 1954 со Западна Германија во она неверојатно финале против Унгарија на Пушкаш.

Почна со Блу Старс од Цирих, а клупската тренерска кариера ја прекина во 1985 со јапонскиот Јомиури. Во меѓувреме предводеше екипи како Луцерн, Дуизбург, Штутгарт, Шалке, 1860 Минхен, Ваљадолид, Хамбургер и Херта.

Потоа се сконцентрира само на репрезентации. Беше селектор на вкупно 21 национален тим и тоа од сите шест конфедерации.

Ги предводеше следниве репрезентации:

Северна Америка: Бермуда, Тринидад и Тобаго, Гренада, Антигва и Барбуда
Јужна Америка: Чиле, Боливија, Венецуела,
Африка: Боцвана, Танзанија, Саун Томе и Принсипе, Гана, Маврициус, Зимбабве, Руанда
Океанија: Австралија, Нова Каледонија, Тонга, Фиџи, Самоа
Азија: Непал, Кина.

Кариерата ја заврши во 2003 година, а последна ја водеше репрезентацијата на Самоа. Во 1980 на Австралија и ја донесе првата титула шампион на Океанија.

Се има појавено во неколку германски серии глумејќи се себеси, снимени се документарци за неговата кариера, а напишани се и книги.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе