Замина уште една легенда: Почина Пеле

Бразилскиот великан Пеле почина денеска на 82-годишна возраст, оставајќи зад себе едно од најголемите спортски наследства.

Почина Пеле, великанот на Бразил и трикратен освојувач на Мундијалите на ФИФА.

На свои 82 години беше преместен на палијативна нега на почетокот на декември, откако неговото тело престана да реагира на третманот за рак.

Пред католички Божик, неговото семејство отпатува да биде покрај него во болницата Алберт Ајнштајн во Саун Пауло.

Неговата смрт денеска ја потврди неговата ќерка.

Пеле многумина го сметаа за еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот, оставајќи неизбришливо наследство по кариерата која траеше 21 година.

Поголемиот дел од својата клупска кариера го мина во Сантус, за кого постигна 643 голови на 659 натпревари во период од 18 години. Потоа ги бранеше боите на Њујорк Космос помеѓу 1975 и 1977 година.

Но, неговиот придонес за Бразил беше она што навистина го зацврсти неговиот статус како спортска икона и фудбалски великан на сите времиња.

Ѝ му помогна на репрезентацијата да ги освои Мундијалите во 1958 (Шведска), 1962 (Чиле) и 1970 (Мексико), при што ниту еден играч во историјата на турнирот на ФИФА не освоил повеќе пехари од него.

Првиот мундијалски триумф на Пеле во 1958 година дојде кога имаше само 17 години и 249 дена, што го направи најмладиот играч кој некогаш го освоил. Исто така, постигна гол во финалето - никој помлад досега не постигнал гол во финале на Светско првенство.

Тоа беше еден од 77-те гола на меѓународно ниво, достигнување кое сѐ уште не е надминато од бразилски играч, со Нејмар кој дојде до таа бројка и многу веројатно дека ќе ја надмине во блиска иднина.

По неговото пензионирање, Пеле го позајми своето име и влијание на многу добротворни иницијативи и ќе остане запаметен како веројатно најдобриот играч на Мундијалите на сите времиња.

Тагови
реклама

Фудбал

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Read more

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Read more

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more
 

Спорт

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе