Занети за Икарди: Оваа приказна е завршена, да преминеме од зборови на дела

Потпретседателот на Интер Хавиер Занети изјави дека проблемот со Мауро Икарди е решена работа и дека веќе во мечот со Лацио аргентинскиот напаѓач би требало да се најде во стартната постава.

Икарди ќе се врати на тренинзи со Интер по повеќе од еден месец, а иако меѓу клубот и Аргентинецот имаше многу проблеми во врска со продолжувањето на договорот, главната причина за отсуството беше повредата на коленото.

На Икарди во меѓувреме му беше одземена капитенската лента, поради што тој и неговата сопруга и менаџерка Ванда бурно реагираа, но на крај очигледно ја прифатиле одлуката на клубот.

Тренерот на Интер Лучано Спалети во моментов има големи проблеми во нападот со оглед на тоа дека и другиот напаѓач Лаутаро Мартинез е повреден, па можно е Икарди да се најде во првата постава уште на мечот против Лацио и повторно да го предводи нападот на својата екипа.

„Проблемот меѓу Интер и Икарди е решен. Сега е најважно да се фокусираме на тимските цели. Оваа приказна е завршена, многу беше кажано досега и треба да преминеме од зборови на дела. До крајот на сезоната имаме уште 10 натпревари и мора да се држиме заедно за да ги исполниме целите, а пред сѐ тоа се однесува на пласманот во Лигата на шампиони. Во недела играме против директен конкурент и сигурно нѐ очекува напорен натпревар“, рече Занети.

Икарди последен пат на тренинг со тимот беше на 13 февруари, а последен пат играше во дресот на Интер на 2 февруари против Парма. Оттогаш поради повреда на коленото беше на пауза.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе