ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Занети: Задоволни сме од Конте, во Лига Европа одиме по трофеј

Легендата на Интер е презадоволен од она што Конте го прави со тимот. Најавува и дека Интер нема повеќе Лига Европа да ја зема здраво за готово туку ќе атакува на трофејот.

Првата пречка во утешното европско натпреварување е бугарскиот шампион Лудогорец. Жрепката беше наклонета на „Нераѕурите“ доделувајќи им го веројатно најлесниот можен противник. Но, Занети предупредува на претпазливост.

„Нема лесни натпревари, секогаш мораме да даваме сѐ од себе. Можни се изненадувања, зависи и од тоа во каква форма ќе бидеме во февруари. Сега да ја завршиме годината со победа, па потоа ќе мислиме на Лига Европа“.

Интер последен пат триумфирал во ова натпреварување во сезоната 1997/98 кога се викаше Куп на УЕФА, а има вкупно три трофеи. Последните неколку години не успеваше да стигне подалеку од осминафиналето, но се чини секогаш Лига Европа ја ставаше во втор план играјќи со комбиниран состав. Занети смета дека тоа мора да се промени.

„Треба да бидеме конкурентни, важно е да играме добро. Жал ни е за испаѓањето од Лигата на шампионите, но мора да се сконцентрираме на остатокот од сезоната. Лига Европа мора да ни стане цел, порано во Европа секогаш сме играле добро. Веднаш мораме да продолжиме да работиме онака како што веќе правиме, можеме да се подобриме иако веќе сме на добар пат“.

Интер сезонава работи со нов тренер и тоа Антоние Конте кој беше дамнешна желба на управата на клубот. Без разлика што низ годините се менуваа луѓето во врвот на клубот името на Конте секогаш беше меѓу кандидатите за столчето.

„Среќни сме и задоволни од него. Гледајќи го од блиску, како работи и како ги подготвува натпреварите, неговата страст, тоа е многу важно за еден тим како нашиот. Презадоволни сме од неговата работа. Антонио е многу добро подготвен и е интелигентен. Ова е почеток да едно ново патешествие“.

Конте се жалеше дека изборот на играчи му е тенок, а капак се повредите на Санчес, Барела, Сенси и Гаљардини поради кои Конте има навистина тенка клупа. Во последно време принудно мораше да игра со ветеранот Борха Валеро и некои млади играчи.

„За да ги одиграме добро овие две натпреварувања имаме потреба од сите. Пример е Борха Валеро, играше многу малку, а сега покажува колку е важен дел. Синоќа одигра фантастичен натпревар, сите треба да го земат неговиот пример бидејќи тимот има потреба од секого“.

Валеро синоќа го одигра шестиот натпревар по ред, а претходно цело време беше на клупа. Проблемите со повредите го натераа Конте да игра со 34-годипшниот ветеран кој синоќа постигна и гол.

„Нашата историја јасно кажува дека Интер секогаш е конкурентен во Европа. Наша должност е да одиме до крај во ист стил и работејќи смирено“, заврши Занети во интервјуто за Sky Sport.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Спорт

Торино потврди: Интер и Јуве бијат битка за дефанзивецот Бремер

Read more

Дали е ова најбруталниот старт на сезоната?

Read more

Десет суперѕвезди на кои забрзано им се губи сјајот

Read more

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри

Read more
 

Ново

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе