Во текот на изминатите три години од војната во Украина, голем број земји дадоа значителна воена помош, донирајќи стотици тенкови за зајакнување на украинските вооружени сили во одбрана од руската агресија, пренесува HRT.

Според податоците на Килскиот институт за светска економија (IFW), Полска е убедливо најголемиот донатор, која на Украина ѝ испорачала дури 354 тенкови. Меѓу нив има повеќе од 200 тенкови Т-72М1, околу 140 PT-91 и десетина Leopard 2А4. Холандија е на второ место по бројот на донирани тенкови со вкупно 104 тенкови, главно модели Т-72B и Leopard 2А4.
Водечки донатори се Данска со 77 и Соединетите Американски Држави со 76 тенкови, вклучувајќи ги моделите Leopard 1A5, Leopard 2A4 и M1 Abrams. Чешка донирала 72 тенка Т-72 од различни модели, додека Германија испратила 60 тенкови, главно Leopard 2А6, 2А4 и 1А5. Австралија обезбедила 49 тенкови М1 Abrams.
На списокот на донатори е и Хрватска која донирала 30 тенкови М-84. Сличен придонес имаат и Шпанија со 29 и Словенија со 28 тенкови. Обединетото Кралство обезбедило 14 тенкови, додека Шведска (10), Канада и Норвешка (по 8) и Португалија (3) испратиле помали количества борбени возила.