Запленета дрога вредна околу 200.000 евра, прекинат меѓународен канал за транспорт на дрога

Во рамки на засилените полициски активности за борба против недозволената трговија со наркотична дрога, во заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп на 10.06.2021 околу 1 часот запленета е дрога вредна околу 200.000 евра, чија крајна дестинација била Грција, а приведено е едно лице, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Од страна на сообраќајна патрола од ОВР Прилеп околу 01 часот на регионалниот пат Прилеп-Градско, во близина на бензинска станица, било сопрено товарно моторно возило „ман“ со албански регистерски таблички, управувано од Б.Ј. (40) државјанин на Р. Албанија. При контролата, од страна на албанскиот државјанин на полициските службеници им биле понудени пари за да не извршат службени дејствија за контрола на возачот и возилото. Од страна на полициските службеници извршена е контрола, при што во приколката се пронајдени две големи торби во кои биле сместени 50 пакувања со марихуана во вкупна тежина од околу 50 килограми. Проценетата вредност на дрогата е околу 200.000 евра. Возачот е лишен од слобода и во текот на денот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Прилеп“, соопшти Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал, стои во соопштението на МВР.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе