Запленети два килограма кокаин на скопскиот аеродром

Скопје, 7 декември 2018 (МИА) – Околу два килограма кокаин се откриени и запленети на Аеродромот во Скопје од страна на Царинската управа и Министерството за внатрешни работи. Со тоа, пред два дена, е спречен уште еден обид на криумчарење со наркотични дроги, известуваат од Царинската управа.

На 5.12.2018 година околу 20:30 часот со летот од Цирих, на влез во Република Македонија селектиран е детално прегледан патник државјанин на Република Венецуела.

При прегледот, во неговиот багаж пронајдено е околу два килограма бела прашкаста материја, која при проверка со тестер за дрога дала позитивен резултат за присуство на „cocaine hydrochloridе“, што индицира дека непознатата растителна материја е наркотична дрога кокаин.

По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, а по наредба на јавен обвинител, непознатата прашкаста материја е доставена на вештачење со кое е утврдено дека станува збор за кокаин.

Вредноста на запленетата дрога, на црниот пазар во Република Македонија, изнесува околу 140.000 евра, додека истата при продажбата на мало би била повеќекратно зголемена и би достигнала вредност околу 570.000 евра.

Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава,заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, соопштуваат оттаму. 

реклама

Хроника

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more
 

Вести

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе