Свет

Запленети над три тони кокаин во Тихиот Океан

17. октомври 2019 - 18:24 | МИА

Вашингтон, 17 октомври 2019 (МИА) – Американската крајбрежна стража откри и заплени 3,08 тони кокаин вреден 92 милиони долари.

Дрогата е запленета од бродови во Тихиот Океан и пренесена е во Сан Диего.

Според американската крајбрежна стража кокаинот е запленет во близина на брегот на Мексико и на Централна и Јужна Америка. 

Коментирај