Започна истрага за серијата „Македонија“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по известувањето од Управата за финансиска полиција отвори предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциската куќа ангажирана за снимање играна серија.

Како што денеска преку соопштение за јавноста нè информира ОЈО, надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за утврдување нa фактите.

„Издадени се повеќе насоки и наредби за прибирање материјални докази поврзани со севкупната постапка за снимање на играната серија. Во оваа фаза од постапувањето веќе е доставен дел од бараните докази, а побарано е и нивно дополнување. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за текот на постапката навремено ќе ја информира јавноста“, стои во соопштението.

Предметот се однесува на проектот за играната серија „Македонија“ за кој Агенцијата за филм пред две години исплатила 80 отсто од договорение 68 милиони денари за снимањето на првата сезона, од вкупно 4 сезони за кои биле предвидени 4, 6 милиони евра.

Откако се констатирани сериозни нерегуларности, односно откако по 4 септември, датум на кој требал да се појави снимениот материјал, и да се достави копија во Агенцијата за филм како што налага законот, со вонреден инспекциски надзор случајот стигна до надлежните институции.

Владата на вчерашниот брифинг заедно со директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, беше децидна дека со оглед на тоа што парите се одлеани а производ немаме, се прекинува секаква натамошна соработка со продуцентот Винко Грубишиќ, односно „Јадран филм“. Институциите на системот го истражуваат случајот и ќе бараат одговорност од сите инволвирани во него.

Наспроти овие одлуки, во јавноста поточно на социјалните мрежи кружи извесен трејлер од серијата „Македонија“ а Грубишиќ изјавува дека ништо не е вистина и тој преземал правни мерки.

Оваа приказна беше отворена во написите на „Макфакс“ пред неполни четири месеци, а проектот е одобрен пред две години. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе