Започна изградбата на новиот забавен парк во Скопје

Скопјани по 44 години ќе добијат нов забавен парк, кој ќе се простира на околу 25.000 метри квадратни, на истата површина како постојаниот Луна парк. Ќе бидат набавени и поставени вкупно 27 реквизити, од кои три адреналински реквизити, шест семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини.

Новиот забавен парк ќе се гради во фази, повеќе години и неговата изградба, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.

Во првата фаза ќе се работи на инфраструктура – водоводна, фекална, атмосферска канализација, партерно и хортикултурно уредување за што се издвоени околу 101 милион денари. Веќе е избрана градежна фирма.

„Распишан е тендер и избрани се добавувачи на седум реквизити кои ќе бидат набавени во првата фаза или оваа година. Рокот на нивното пристигнување е шест месеци од склучување договор и очекуваме да бидат донесени во јули/август. Добавувачот е должен да ја направи основата, да монтира и пробно да ги пушти реквизитите во употреба, со што целосно ќе биде негова одговорноста во функционирање на реквизитите“, рече Трајановски.

Во првата фаза ќе се постават еден адреналински, два полуадреналински, еден воз на шини и три детски реквизити. За набавака на овие реквизити предвидени се 130 милиони денари. За останатите реквизи, предвидено е во развојната програма на Град Скопје по 100 или 120 милиони денари во 2018 и 2019 година.

Трајановски потенцира дека во рамки на новиот забавен парк ќе се изградат ресторани, театар, административни објекти, влезна и излезна партија на паркот.

Градоначалникот Трајановски појасни дека новиот забавен парк се прави со средства од буџетот на Град Скопје по неколку обиди за јавно-приватнопартнерство. Додека траат градежните работи Луна паркот нема да работи, а старите реквизити се во сопственост на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“, кои веќе се складираат во ова претпријатие.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе