Започнаа 59-тите Струшки вечери на поезијата

Со учество на дваесетина странски поети со видео читања, и уште толку домашни поети, како и со интерпретацијата на „Т’га за југ“, од славниот стружанец Миладинов, на македонски, албански, англиски и француски, синоќа, во хотелот Дрим во Струга, започнаа 59-тите Струшки вечери на поезијата.

Во услови на пандемија, со максимално почитување на протоколите, најстариот поетски фестивал во светот ја продолжи традицијата, преку видоизменето или хибридно издание.

На отворањето, директорот на фестивалот, Тодорче Тасевски, потенцираше дека организаторите, на оваа изнудена дистанца, ќе ѝ се спротивстават со моќта на поезијата.

На вториот ден на СВП, вечерва е претставувањето на годинашниот добитник на „Златен венец“, израелскиот поет Амир Ор.

Во неможност да присуствува на фестивалот лауреатот, тој ќе има видео обраќање и поетско читање.

Ор е водечки израелски поет, писател и есеист, познат како главниот глас на новата генерација од светската книжевност. Автор е на 13 збирки поезија, од кои најнови се: „Плен“ – избрани песни 1977-2013 (2013), „Крилја“ (2015) и „Дете“ (2018). Неговите песни се преведени на 50 јазици и биле објавени во поетски списанија, антологии и книжевни веб-страници, како и во 33 книги низ Европа, Америка и во Азија. Негови романи се „Песната на Тахира“ (2001), фиктивна епопеја во стихови, и „Кралството“, роман за животот на кралот Давид.

Тој е добитник на израелски и меѓународни поетски награди, како што се: писателската награда „Фулбрајт“ во 1993 година, признанието „Плејади“ седум години подоцна за неговиот „значаен придонес кон модерната светска поезија“, наградата „Бернстајн, „Премиерската награда за литература“ во 1996 година, наградата „Оенеум“ на Тетовскиот поетски фестивал во 2010 година, „Поетската награда за песна посветена на виното“ во 2013 г. од Струшките вечери на поезијата, меѓународната награда „Стефан Митров Љубиша“ од Градскиот театар „Будва“, наградата „Европски атлас на лириката“ во 2016, наградата „Светот низ поезија“ наредното лето од Блу Мет Монтреал за „неверојатната длабочина и квалитет на неговата поезија“, наградата „Европски Хомеров медал за поезија и уметност“ во 2019, неодамнешната награда за животно достигнување на директоратот „АКУМ“, како и бројни стипендии од Универзитетот Ајова, Еврејскиот институт на Универзитетот Оксфорд, Фондацијата „Валпараисо“ од Шпанија, „Замок Хоторнден“ од Шкотска, Ирската фондација „Хајнрих Бел“, Фондацијата „Ле Трел“, како и „Прага, град на културата“ на УНЕСКО, меѓу другите. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Култура

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more

Одбележување на 79 години МНТ

Read more
 

Вести

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе
  • filter

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Читај повеќе