Започнува изборот на наследник на Тереза Меј

Лондон, 13 јуни 2019 (МИА) – Конзервативните пратеници во Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе го одржат првиот круг на гласање за избор на нов лидер на владејачката Конзервативната партија.

Во трката за наследник на досегашната лидерка на конзервативците и актуелна британска премиерка Тереза Меј се десет кандидати, меѓу кои 313-те пратеници треба да го изберат новиот прв човек на партијата.

Изјаснувањето на пратениците е тајно и по денешното гласање од трката ќе испаднат кандидатите што ќе освојат помалку од 16 гласови. Доколку сите кандидати го надминат цензусот од 16 гласа, од понатамошната трка испаѓа оној претендент за партиски лидер што ќе освои најмалку гласови.

Според букмејкерите, главен фаворит за нов лидер на конзервативците е поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон, кој на референдумот за Брегзит во 2016 година ја предводеше кампањата на поддржувачите на истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

По Џонсон, најмногу шанси за победа им се даваат на актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант и на поранешната претседавачка на Долниот дом на Парламентот, Андреа Лидсам.

Во трка за нов лидер на конзервативците се и актуелните министри за животна средина Мајкл Гоув, за здравство Мет Ханкон, за внатрешни работи Саџид Џавад и за меѓународен развој Рори Стјуарт, како и поранешните министри за Брегзит, Доминик Раб, за пензии Естер Меквеј и за миграција Марк Харпер.

Гласањето за избор на нов прв човек на Конзервативната партија ќе се спроведува во онолку круга се додека во трката не останат само двајца кандидати. Се очекува овој процес на гласање да заврши до 20 јуни, по што на 22 јуни околу 160.000 делегати избрани од локалните организации на Конзервативната партија ќе гласаат за избор на партискиот лидер меѓу двајцата преостанати кандидати.

По изборот на нејзиниот наследник на лидерската позиција, се очекува Тереза Меј да ја достави својата оставка на премиерската функција до кралицата Елизабета, која потоа ќе го назначи новоизбраниот конзервативен лидер за нов британски премиер.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе