Започнува проектот Цел Центар на точак, субвенции за велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети

Општина Центар утре ќе го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30% од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.

„Од утре, среда, 04.05.2022 година, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе добие субвенција, но најмногу до 3.000 денари за која е потребно да достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, е-велосипед или е-тротинет“, објави Општина Центар.

Барањата со комплетната документација потребно е да се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, почнувајќи од 4 мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Општина Центар напоменува дека правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-609.

„Биди фраер, качи се на точак или вози тротинет“, напиша градочалникот Горан Герасимовски на Facebook.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе