Започнуваат подготовките за Саем на градежништво!

На Скопски саем започнуваат подготовките за 14-от Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7от RealExpo - Меѓународен саем на недвижности, кој од година во година забележува сè поголем интерес кај граѓаните. Вратите на овие популарни саеми ќе се отворат на 28.02.2017, вторник, и ќе останат отворени до 04.03.2017, сабота.

Меѓународниот сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, претставува значајна специјализирана манифестација која подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите од Македонија и од странство. Во рамките на Саемот на градежништво 2017, во Метрополис Арената и оваа година  ќе се одржи Саемот за недвижности и инвестиции - RealExpo. На саемот ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти. Најголема заинтересираност од граѓаните се очекува од Саемот за недвижности и инвестиции – RealExpo, каде посетителите најчесто се задржуваат на понудата на станови и куќи во Република Македонија.

За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе ја имаат можноста да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе