Запознајте го човекот кој 22 години живее во песочен замок
Во изминатите 22 години Марсио Мизаел Матолијас (44) живее во песочен замок опкружен со книги, палки за голф и трски за ловење риба на плажа во Рио де Жанеиро, Бразил.
Неговите соседи го викаат „Кралот“. И тој навистина е крал на својот замок и ужива во неговото кралство.
Бидејќи нема поданици како повеќето кралеви, Марсио сам е задолжен за поправки на замокот: ако некој дел се сруши, сам го поправа. Вели дека не би можел да замисли поинаков живот.