Живот

Запознајте го човекот кој претвори пустелија во шума садејќи дрва 40 години

9. август 2018 - 11:35 | Б.С.Б.

Во 1979 година 16-годишниот Јадав Пајенг започнал со садење дрва на најголемиот речен остров Мајули со цел да го спаси местото од целосно уништување. Работејќи неуморно секој ден успеал да засади 550 хектари шума во која денес живеат бенгалски тигри, индонезиски носорози па дури и стадо од 100 слонови кои секоја година го посетуваат островот.

Мајули секојдневно е под закана од ерозија, во последните 70 години се има смалено повеќе од половина, а се верува дека за 20 години ќе исчезне. Но, ако не е Јадав досега ова место најверојатно немаше ни да постои. Неговата мисија е да го спаси островот со садење дрва и тоа секојдневно го прави веќе 39 години.

Многумина на социјалните мрежи апелираат дека овој човек е вистински херој кој заслужува и Нобелова награда за својот труд.

Јадав, познат како „Шумскиот човек од Индија“, вели дека најголемата закана доаѓа од луѓето кои сакаат да ја уништат шумата поради економски цели.

„Во природата нема чудовишта, освен луѓето. Луѓето уништуваат сè пред себе, не оставајќи нешто. Ништо не е безбедно од луѓето, дури ни тигрите ни слоновите. Ќе продолжам да садам до последниот здив. Им велам на луѓето дека нема да имаат корист ако ги исечат дрвата. Исечете ме мене пред да ги допрете нив“, вели тој.

Јадав открива дека сè уште може да го пронајде првото дрво кое го засадил.

Коментирај