Запознајте го Lamborghini Vision GT
Најневеројатниот автомобил во светот, вака е наречено неодамнешното ново видео на Supercar Blondie, која на тајна локација во Италија го претстави Lamborghini Vision GT.
Станува збор за електричен модел специјално дизајниран за популарната видеоигра Gran Turismo Sport (PS4), а овој уникатен примерок е изработен за потребите на промоцијата.
Автомобилот е официјално претставен минатата година во Монако. Под хаубата има 6.5-литарски V-12 мотор со благ хибриден систем, со 808 коњски сили. Максималната брзина е 350 км/ч, а до 100-ка забрзува за помалку од 2,8 секунди.
Нема врати, кабината се вовлекува наназад и му овозможува на возачот да се смести во кокпитот, слично како во борбените авиони.