Авто новости

Запознајте го златното Porsche на арапскиот шеик

30. септември 2019 - 11:30 | Ф.З.

Шеик од Блискиот Исток нарачал 7 автомобили од брендот Porsche и тоа сите во различна боја, а една била и златна.

Тоа се случило уште во 1989 година кога во Porsche  Exclusive Manufaktur добиле многу необична нарачка. Седум нивни автомобили, сите од серијата 959, но сите во различна боја. Шест обични, секојдневни бои, но седмата требало да биде златна. И би златна.

Спортскиот модел Porsche 959 на германскиот производител се произведуваше од 1986 до 1993 година и важеше за најбрз автомобил со максимална брзина од 317 километри на час.

Во 2011 година шеикот ги однесол златниот и црвениота автомобил на изложбата на Porsche по повод прославата на 25-годишнината од производството на моделот.

Коментирај