Запознајте ја Бритни Палмер - од стриптизерка до заштитен знак на УФЦ
Бритни Палмер е составен дел од сите големи шоуа организирани од УФЦ, вклучувајќи го и настанот 259 минатиот викенд.
Палмер е најатрактивната октагон девојка која е член на УФЦ веќе 16 години и најавува борби на престижните ММА натпревари. Бритни зад себе има неверојатна животна приказна. Од стриптизерка стана модел за Playboy, преживеа физички напад од нејзиниот сопруг од кој едвај се спаси, за на крај да стане икона на УФЦ.
Родена е во јуни, 1987 година во Сан Диего и како дете се преселила со своето семејство во Лас Вегас. Десет години подоцна животот ја донесе на УФЦ каде што е денес.