Мачката Мару е планетарно популарно домашно милениче. Има свои профили на социјалните мрежи и милиони обожаватели ширум светот.
Со своите неверојатни пози и несекојдневни места за одмор, Мару заслужено го доби статусот на најсмешната мачка на светот.
Секојдневно нејзините сопственици ги радуваат обожавателите со нови фотографии од најлудите „авантури“ на Мару.
Но, Мару не мисли дека тоа е нешто чудно. Ова маче едноставно сака се, сместувајќи се во најмали кутии, вазни или пак чинии, за така да ужива со часови.
Всушност, фотографиите зборуваат повеќе од илјада зборови.
Оваа мачка има свои профили на Instagram, Facebook и Youtube.