Запрено судењето меѓу Амбер и Џони, судијката ја предупреди поротата

Судењето за клевета меѓу Амбер Херд и Џони Деп привлече светско внимание, а сега ненадејно запре.

Одбележано со тешки обвинувања од двете страни, судењето се одвива во Вирџинија. Почна на 11 април, а скоро сите денови беа драматични, почнувајќи од сведочењето на психолог кој кај Херд дијагностицира две нарушувања на личноста, па до сведочењето за наводно злоставување и снимките на кои многумина тврдат дека Амбер шмркала кокаин во судницата.

Судењето се пренесуваше во живо на Court TV и Law & Crime Network, а бројни снимки се објавени и на социјалните мрежи.

Оваа недела судењето е запрено, причина за тоа е што судијката Пени Азкарат, која претседава со случајот, има претходно договорени обврски на една конференција.

Судењето ќе продолжи на 16 мај, по што Херд ќе продолжи со сведочењето и ќе се соочи со вкрстено испрашување од тимот на Деп.

Во меѓувреме, судијката ги предупреди членовите на поротата да не гледаат, да не читаат и да не слушаат работи во врска со судењето.

„Сè што ќе дознаете за овој случај е ограничено на тоа што ќе го дознаете во четири ѕида овде, во судницата, додека постапката е во тек“, изјави таа.

Завршните зборови се закажани за 27 мај, не е познато кога ќе биде изречена пресудата.

реклама

Филм & ТВ

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Read more

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Read more

Почина Драги Христов - Шпага

Read more

Ал Пачино ќе се придружи на клубот стари татковци

Read more
 

Сцена

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Читај повеќе

Почина Драги Христов - Шпага

Читај повеќе

Ал Пачино ќе се придружи на клубот стари татковци

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за John Wick Chapter 4

Читај повеќе

Актери и актерки кои пораснале во сиромаштија, а денес се светски ѕвезди

Читај повеќе
  • play_arrow

Судот одлучи: Сцената од филмот „Romeo and Juliet“ не е детска порнографија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Amazon Prime се мајтапи со Netflix за забраната за споделување лозинка

Читај повеќе