Светски познатиот моден бренд Zara ќе затвори 1.200 свои продавници, претежно на европскиот и азискиот пазар, како резултат на загубите направени за време на пандемијата на COVID-19.
Zara, која е водечки бренд на групата Inditex (Industria de Diseño Textil), која ги има брендовите Pull and Bear, Stradivarius, Bershka, Oysho, Zara Home, Massimo Dutti и Uterqüe, во првиот квартал од оваа година имаше продажба за 44 проценти помала во однос на истиот период минатата година.
Првата продавница на Zara беше отворена во 1975 година во градот Ла Коруња, Шпанија, а проширувањето на мрежата на продавници во светот започна во 90-тите години.
Денес Zara има 7.500 продавници во 96 земји, а вработува 173.000 работници. Присутна е и на македонскиот пазар.