Заразените со COVID-19 во Хрватска нема да гласаат на изборите

Хрватската изборна комисија соопшти денеска дека нејзината одлука да им забрани на граѓаните на кои им е дијагностициран COVID-19 гласање на парламентарните избори е во согласност со законот и служи за легитимна цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните од заразни болести.

На 1 јули Изборната комисија делумно ги смени препораките за излез на гласање, но клучната одредба за забрана за гласање за оние заразени со коронавирус остана.

Комисијата исто така препорача граѓаните да ја измерат својата температура во недела наутро, и дека доколку имаат повисока од 37,2 степени и доколку имаат респираторни симптоми карактеристични за COVID-19, треба да се јават кај својот лекар.

„Секоја друга, поблага мерка што би се обидела да ја постигне оваа цел, би го загрозила здравјето на граѓаните и веруваме дека во овој случај не можеме да зборуваме за „понизок или повисок степен“ на штета за граѓаните“, велат од Комисијата во одговор на невладината организација, Гонг, која ја доведе во прашање уставноста на нејзината одлука за забрана на гласање од страна на оние заразени со коронавирусот.

Во одбрана на својата одлука, Комисијата соопшти дека нејзина обврска е да се обезбеди право на здравје на сите членови на избирачкиот одбор, како и на гласачите, и дека заштитата на членовите кои би контактирале заразените „не може да се обезбеди со маска и нараквици“, јавија хрватските медиуми.

Инфицираните нема да можат да гласаат на парламентарните избори затоа што на нив им е изречена мерка – изолација, што вклучува забрана за физички контакт со други лица, вклучително и членови на избирачките места. 

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе