Засега се почитува прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел

Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинските милитанти во Појасот Газа, предводени од Хамас, се почитуваше до денеска, а официјални лица тврдат дека египетските посредници од двете страни се обидуваат да постигнат подолготраен договор за прекин на огнот.

Примирјето почна во петокот рано утрината, во 2 часот, со што заврши 11-дневната размена на гранатирања што предизвика ново уништување на Газа, го потресе Израел и предизвика меѓународна загриженост дека ќе има уште поширок конфликт во регионот.

Египет, земјата која посредуваше во завршувањето на конфликтот со помош на САД, во петокот околу пладне испрати делегација во Израел да разговара за зајакнување на примирјето, вклучувајќи и испраќање помош за Палестинците во Газа, изјавија претставници на Хамас за британските медиуми.

Делегатите оттогаш посредуваат меѓу Израел и Газа, додека преговорите продолжија и денеска, соопштија палестинските власти.

И покрај вчерашните судири меѓу израелската полиција и палестинските демонстранти во Ерусалим, од денеска изутрина нема извештаи за ракетни напади на Хамас од Газа или израелски воени напади врз енклавата.

Американскиот претседател Џо Бајден пред два дена изјави дека Вашингтон ќе работи со Обединетите нации на доставувањето хуманитарна помош во Газа, како и помош во градењето, со внимателност оваа помош да не се користи за вооружување на Хамас, движење кое Западот го смета за терористичко.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе