Засилена контрола на граничните премини, изолациски центри и кризен штаб за превенција од Covid-19

Засилена контрола на сите гранични премини на патниците кои доаѓаат од критичните региони во северна Италија, обезбедување простор за изолација на патници во неколку медицински центи низ земјава и формирање кризен штаб во Министерството за здравство што ќе ги координира сите активности на надлежните институции. Ова е договорено на вечерашниот состанок на Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи на кои беа разгледувани мерките за превенција од вирусот Covid-19.

Министерот за здравство Венко Филипче по состанокот изјави дека патниците кои ќе доаѓаат од критичните региони во северна Италија ќе се упатуваат и пропуштаат само на неколку гранични премини – Богородица, Блаце, Деве Баир, Табановце и Ќафасан со цел да биде што поконцентирана контролата.

Патниците, пак, кои денеска со два лета од Милано пристигнуваат во Скопје и во Охрид ќе бидат детално инервјуирани, прегледани и по потреба тестирани.

Обезбедени се простори за изолација на патници кои треба да бидат мониторирани 14 дена, и во прво време тоа ќе бидат инфективните одделенија во Штип, Велес и Гостивар, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата.

Филипче го повтори апелот да не се патува во критичните региони во Италија каде што е потврдено присуството на Covid-19. Утре Владата на седница ќе дискутира за одложување на сите организирани посети на Италија од страна на држаните институции.

Најави дека кризниот штаб во МЗ што ќе ги координира сите активности секојдневно ќе одржува брифинзи за најновите информации од теренот.

Филипче информира и дека тестовите на тројцата Кинези кои денеска пристигнаа во земјава се негативни, но за секој случај, тие иако веќе биле во 14 дневен карантин, ќе останат во изолација уште две недели под мониторинг на македонските здравствени власти.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе