Австралиските власти почнаа активност со цел повторно да ги вратат китовите во море откако заскитале во река полна крокодили во Австралија.
Китовите се во фаза на годишна миграција, а некои од нив завршиле во река, односно 30 километри длабоко во внатрешноста.
Ова е прв случај во Австралија китови погрешно да мигрираат и да завршат во река, односно во територија која им припаѓа на крокодили, пренесе BBC.
Станува збор за китови долги околу 16 метри, а крокодилите веројатно нема да ги вознемират. Сепак, постои ризик од нивно насукување во плитките води и затоа во тек е акција на нивно повторно насочување во морските води.