Застрашувачки сцени: Рекламата за новиот Alien предизвика паника во Њујорк

Рекламната кампања за новиот хорор филм предизвика паника на улиците на Њујорк, пишуваат странските медиуми.

Имено, продуцентите на филмот ангажирале статисти да паѓаат крвави низ градот, и да лежат на улиците со огромни инсекти кои им го покриваат лицето.

Станува збор за научно-фантастичниот хорор „Alien: Romulus“ кој во кината доаѓа следната недела. Филмот во режија на Феде Алварес и Род Сајагес е продуциран од куќата на големиот режисер Ридли Скот.

Тоа е седмиот наслов од франшизата „Alien“ и е сместен помеѓу настаните од филмот „Alien“ од 1979 година, во режија на Ридли Скот и „Aliens“ на друг голем режисер, Џејмс Камерон, од 1986 година.

Remote video URL

Во филмот играат Кејли Спени, Дејвид Џонсон, Арчи Рино, Исабела Мерсед, Спајк Ферн и Ајлин Ву.

Филмот следи група млади вселенски колонизатори кои, додека ги истражуваат најмрачните агли на напуштената вселенска станица, доаѓаат во контакт со најстрашната форма на живот што постои во вселената.

Ова не е прв пример на герила маркетинг кој предизвикува страв по улиците на големите градови, сличен беше случајот и со хорор хитот „Smile“ кога статистите стоеја неподвижни по улиците и морничаво се смееја.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Главен виновник зошто не можете да слабеете, а често се игнорира

Read more

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Рецепт на денот: Пица ролнички со ајвар

Read more

Филм & ТВ

Актери кои направија драстични физички трансформации за улоги

Read more

Роберт Патинсон откри кога почнува снимањето на The Batman Part II

Read more

Дру Баримор откри кој од нејзините колеги најдобро се бакнува

Read more

Швимер повика да се суспендира профилот на Канје на Х

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Актери кои направија драстични физички трансформации за улоги

Читај повеќе
  • play_arrow

Роберт Патинсон откри кога почнува снимањето на The Batman Part II

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Шакира ја започна својата турнеја со 13 комбинации: Светки, реси и проѕирен комбинезон

Читај повеќе

Дру Баримор откри кој од нејзините колеги најдобро се бакнува

Читај повеќе
  • play_arrow

Кендрик Ламар експлодира на Супербоул: Една песна ја доведе атмосферата до лудило

Читај повеќе

Швимер повика да се суспендира профилот на Канје на Х

Читај повеќе

Влатко Стефановски ја одбележува 50-годишнината од својата кариера во Филхармонијата во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тоти и Дел Пјеро во новата реклама за Captain America: Brave New World

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Читај повеќе